прецени
Значење на прецени:
1. Одреди преголема вредност, значење и сл. Се покажа дека ја преценил улогата на парите.
2. (ретко) Оцени, процени. Добро да прецениме и да го земеме само тоа што ни е вистински нужно. Знае да ја прецени положбата.
Конјугација: преценат.
Изведени зборови:
- преценување, глаг. им. ср.
- се ~ прецени, Си даде преголемо значење. Се прецени за таа работа.
- (се) преценува, глаг. несв. (се) преценуваат
Оригинални податоци:
прецени, преценат св. 1. Одреди преголема вредност, значење и сл. Се покажа дека ја преценил улогата на парите. 2. (ретко) Оцени, процени. Добро да прецениме и да го земеме само тоа што ни е вистински нужно. Знае да ја прецени положбата. ● се ~ Си даде преголемо значење. Се прецени за таа работа. ‖ (се) преценува, (се) преценуваат несв. ‖ глаг. им. преценување ср.