пречекори
Значење на пречекори:
1. Со чекор премине преку нешто, престапи, опчекори. Го пречекори прагот од куќата.
2. (прен.) Помине дозволена граница, наруши одредени норми. Ги пречекори овластувањата. Ја пречекори ограничената брзина.
3. Зачекори, тргне. За да ти тргне работата, наутро пречекори со десна нога.
Коњугација: пречекорат.
Изведени зборови:
- пречекорува, глаг. несв. пречекоруваат
- пречекорување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пречекори, пречекорат св. 1. Со чекор премине преку нешто, престапи, опчекори. Го пречекори прагот од куќата. 2. (прен.) Помине дозволена граница, наруши одредени норми. Ги пречекори овластувањата. Ја пречекори ограничената брзина. 3. Зачекори, тргне. За да ти тргне работата, наутро пречекори со десна нога. ‖ пречекорува, пречекоруваат несв. ‖ глаг. им. пречекорување ср.