пред

Предлог

Значење на пред:

1. Пространствено значење: а) Место од предната страна на нешто. Непознат човек стоеше пред портата. Детето чекаше пред автомобилот. б) Место во близина на нешто, недалеку од нешто. Скокнав преку потокот пред селото и продолжив по патот.

2. Временско значење: а) Порано од нешто, блиска претходност. Се вратив од работа пред полноќ. Излегува од дома пред зори. б) Временска мера. Еве ме дома, а пред три часа бев во Шведска. Тоа беше одамна, пред триесетина години.

3. Дејството се врши во нечие присуство. Најтешко им е да ги тепаш пред жените и децата. Немаме право да мразиме пред бога. Ветувам пред луѓето и власта дека нема да прозборам.

4. Предност при споредување, сопоставување. Јован е пред сите во одделението по своите способности. Во походот кон шампионската титула Металург е далеку пред сите.

5. Околност под која се врши некое дејство, со оглед на нешто, во однос на нешто. Кој те лаже дека сме еднакви пред законот?! И боговите молчат пред вистината. Се најде пред нерешлив проблем.

6. Најпрво, најважно, најмногу и сл. ( во изразот пред сè). Треба да се внимава, пред сè, на хигиената. Пред сè, тоа беше последица на неподготвеност, а не на трема.

Изведени зборови:

  • пред да, сврз. Во состав со да за поврзување дејство што се случува пред некое друго дејство. Дојди пред да се стемни. Пред да почне да зборува, се насмевна.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пред Божиќ, зад Божиќ, кај да си, дома да си (посл.). Пред нос; пред очи ‒ многу блиску.

Оригинални податоци:

пред предл. 1. Пространствено значење: а) Место од предната страна на нешто. Непознат човек стоеше пред портата. Детето чекаше пред автомобилот. б) Место во близина на нешто, недалеку од нешто. Скокнав преку потокот пред селото и продолжив по патот. 2. Временско значење: а) Порано од нешто, блиска претходност. Се вратив од работа пред полноќ. Излегува од дома пред зори. б) Временска мера. Еве ме дома, а пред три часа бев во Шведска. Тоа беше одамна, пред триесетина години. 3. Дејството се врши во нечие присуство. Најтешко им е да ги тепаш пред жените и децата. Немаме право да мразиме пред бога. Ветувам пред луѓето и власта дека нема да прозборам. 4. Предност при споредување, сопоставување. Јован е пред сите во одделението по своите способности. Во походот кон шампионската титула Металург е далеку пред сите. 5. Околност под која се врши некое дејство, со оглед на нешто, во однос на нешто. Кој те лаже дека сме еднакви пред законот?! И боговите молчат пред вистината. Се најде пред нерешлив проблем. 6. Најпрво, најважно, најмногу и сл. ( во изразот пред сè). Треба да се внимава, пред сè, на хигиената. Пред сè, тоа беше последица на неподготвеност, а не на трема. ◊ Пред Божиќ, зад Божиќ, кај да си, дома да си (посл.). Пред нос; пред очи ‒ многу блиску. ‖ пред да сврз. Во состав со да за поврзување дејство што се случува пред некое друго дејство. Дојди пред да се стемни. Пред да почне да зборува, се насмевна.