предаде
Значење на предаде:
1. Даде нешто некому, врачи на тој за кого било наменето. Му го предаде писмото. Наградите им ги предадоа на пригодна свеченост.
2. Даде, остави, поднесе нешто на определено место (на пошта, во гардероба, на суд итн.) заради понатамошна постапка. Го предадов багажот на станица. Ја предаде молбата во архивата. Предаде документи за упис на факултет.
3. Поднесе, изврши предавање на функција, должност и сл. Ја предаде функцијата на новоизбраниот кандидат. Ја предаде должноста на новиот командант.
4. Изневери, откаже верност, изврши предавство. Ја предаде земјата. Ги предаде партиските интереси. Го предаде брата си.
5. (спорт.) Прекине партија, меч и сл. со признавање пораз, со откажување. Го предаде мечот без борба. Го предаде натпреварот по десетминутна игра.
6. Пренесе, соопшти некому нешто. Сето свое искуство им го предаде на младите соработници. Детето доследно ги предаде зборовите од учителката на своите родители. Предај им ги нашите поздрави.
7. Претстави, прикаже нешто преку слика, глума и сл. Тој убаво ги предал македонските предели врз своите платна. Таа одлично ја предаде улогата на грофицата.
Конјугација: (ќе) предадеа , (ќе) предадев , (ќе) предадел , предадат , предаден, предадоа , предадов , предај , предајте , предал .
Изведени зборови:
- предавање, глаг. им. ср. предавање, PLUR_предавања Присуствувал на сите предавања.
- (се) предава, глаг. несв. (се) предаваат
- се ~ предаде, 1. Се откаже од борба, престане да дава отпор. Непријателските војници сами се предадоа. Крадецот ѝ се предаде на полицијата. 2. Во игра ‒ признае пораз; сп. предаде 5. Боксерот се предаде по втората рунда. 3. Се препушти, се оддаде на нешто, се занесе од нешто. Им се предаде на своите мисли. Му се предаде на сонот. Ѝ се предаде на судбината. Му се предадоа на ноќниот живот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Предаде богу душа ‒ умре. Предаде на заборавот ‒ заборави.
Оригинални податоци:
предаде, предадат; предај, предајте; предадов, предадоа; предал; (ќе) предадев, (ќе) предадеа; (ќе) предадел; предаден св. 1. Даде нешто некому, врачи на тој за кого било наменето. Му го предаде писмото. Наградите им ги предадоа на пригодна свеченост. 2. Даде, остави, поднесе нешто на определено место (на пошта, во гардероба, на суд итн.) заради понатамошна постапка. Го предадов багажот на станица. Ја предаде молбата во архивата. Предаде документи за упис на факултет. 3. Поднесе, изврши предавање на функција, должност и сл. Ја предаде функцијата на новоизбраниот кандидат. Ја предаде должноста на новиот командант. 4. Изневери, откаже верност, изврши предавство. Ја предаде земјата. Ги предаде партиските интереси. Го предаде брата си. 5. (спорт.) Прекине партија, меч и сл. со признавање пораз, со откажување. Го предаде мечот без борба. Го предаде натпреварот по десетминутна игра. 6. Пренесе, соопшти некому нешто. Сето свое искуство им го предаде на младите соработници. Детето доследно ги предаде зборовите од учителката на своите родители. Предај им ги нашите поздрави. 7. Претстави, прикаже нешто преку слика, глума и сл. Тој убаво ги предал македонските предели врз своите платна. Таа одлично ја предаде улогата на грофицата. ● се ~ 1. Се откаже од борба, престане да дава отпор. Непријателските војници сами се предадоа. Крадецот ѝ се предаде на полицијата. 2. Во игра ‒ признае пораз; сп. предаде 5. Боксерот се предаде по втората рунда. 3. Се препушти, се оддаде на нешто, се занесе од нешто. Им се предаде на своите мисли. Му се предаде на сонот. Ѝ се предаде на судбината. Му се предадоа на ноќниот живот. ◊ Предаде богу душа ‒ умре. Предаде на заборавот ‒ заборави. ‖ (се) предава, (се) предаваат несв. ‖ глаг. им. предавање, мн. предавања ср. Присуствувал на сите предавања.