преде

Глагол, несвршен

Значење на преде:

1. Прави, усукува нишки од волна и сл. Девојчето ја предеше волната.

2. За мачка ‒ испушта тивок, специфичен звук при спиење или при галење. Мачката предеше крај огништето.

Коњугација: предат , предеа , предев , предел , преден , предете , преди , предоа , предов , прел.

Изведени зборови:

  • предење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тенко преде ‒ 1. за човек што ги живее последните денови од животот. 2. за човек што ги троши последните пари. 3. за човек што премногу бара. Добра мисла урка преде ‒ со добрина може многу да се постигне. Како преде мајката така ткае ќерката ‒ се надополнуваат, се надоврзуваат во нешто, имаат исти ставови.

Оригинални податоци:

преде, предат; преди, предете; предев, предеа; предел; преден; предов, предоа; прел несв. 1. Прави, усукува нишки од волна и сл. Девојчето ја предеше волната. 2. За мачка ‒ испушта тивок, специфичен звук при спиење или при галење. Мачката предеше крај огништето. ◊ Тенко преде ‒ 1. за човек што ги живее последните денови од животот. 2. за човек што ги троши последните пари. 3. за човек што премногу бара. Добра мисла урка преде ‒ со добрина може многу да се постигне. Како преде мајката така ткае ќерката ‒ се надополнуваат, се надоврзуваат во нешто, имаат исти ставови. ‖ глаг. им. предење ср.