предел

Именка, машки род

Значење на предел:

1. Определен дел, крај од Земјината површина; крај 3; област. Планински предел. Пустински предели. Тропски предели. Далечни предели.

2. Општ изглед на некој крај; пејзаж. Пределот пред нив се отвори и се покажа езерска шир. Зелени предели. Снежни предели.

3. Дел од телото во кој се наоѓа некој орган. Почувствува болка во пределот на градите. Куршумот го погодил во пределот на стомакот.

Множина: предели.

Оригинални податоци:

предел, мн. предели м. 1. Определен дел, крај од Земјината површина; сп. крај 3; област. Планински предел. Пустински предели. Тропски предели. Далечни предели. 2. Општ изглед на некој крај; пејзаж. Пределот пред нив се отвори и се покажа езерска шир. Зелени предели. Снежни предели. 3. Дел од телото во кој се наоѓа некој орган. Почувствува болка во пределот на градите. Куршумот го погодил во пределот на стомакот.