преден

Придавка

Значење на преден:

Што се наоѓа пред некого или пред нешто, што е пред другите, што е од челната страна, што е напред. Предна врата. Предна соба. Предна корица. Предни заби. Предни нозе. Преден одред. Предни редови.

Членувана форма: предниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

На преден план ‒ тоа што е основно, најважно.

Оригинални податоци:

преден, предниот прид. Што се наоѓа пред некого или пред нешто, што е пред другите, што е од челната страна, што е напред. Предна врата. Предна соба. Предна корица. Предни заби. Предни нозе. Преден одред. Предни редови. ◊ На преден план ‒ тоа што е основно, најважно.