предисторија
Само во еднина.
Значење на предисторија:
1. Најстариот период од минатото на човештвото, од појавата на човекот до појавата на првите пишани споменици; праисторија. Успивното дејство на макот било познато уште во предисторијата.
2. Време, период што му претходи на некој настан, процес, дејство. Да ја објаснам предисторијата на мојот труд. Во предисторијата на настанот.
Изведени зборови:
- предисториски, прид. предисторискиот
Оригинални податоци:
предисторија (само едн.) ж. 1. Најстариот период од минатото на човештвото, од појавата на човекот до појавата на првите пишани споменици; праисторија. Успивното дејство на макот било познато уште во предисторијата. 2. Време, период што му претходи на некој настан, процес, дејство. Да ја објаснам предисторијата на мојот труд. Во предисторијата на настанот. ‖ предисториски, предисторискиот прид.