предложи
Значење на предложи:
1. Направи, даде предлог. Владата предложи нов закон за приватизација. Професорот предложи два термини за полагање на испитот. Тој предложи да одиме на излет.
2. Понуди нешто некому како предлог. Тие му предложија повисока плата. Тој ѝ предложи брак на девојката.
3. Истакне, препорача некого за вршење на некаква функција, дејност, за награда и сл. Го предложија за нов претседател на Комисијата. Партијата го предложи за пратеник во Собранието.
Конјугација: предложат.
Изведени зборови:
- предложува, глаг. несв. предложуваат -- предлага, предлагаат
- предложување, глаг. им. ср. предложување / предлагање
Оригинални податоци:
предложи, предложат св. 1. Направи, даде предлог. Владата предложи нов закон за приватизација. Професорот предложи два термини за полагање на испитот. Тој предложи да одиме на излет. 2. Понуди нешто некому како предлог. Тие му предложија повисока плата. Тој ѝ предложи брак на девојката. 3. Истакне, препорача некого за вршење на некаква функција, дејност, за награда и сл. Го предложија за нов претседател на Комисијата. Партијата го предложи за пратеник во Собранието. ‖ предложува, предложуваат / предлага, предлагаат несв. ‖ глаг. им. предложување / предлагање ср.