предност

Именка, женски род

Значење на предност:

1. Тоа по што некој или нешто се истакнува, се издвојува од другите, надмоќ. Крадецот ја искористи предноста на темнината и избега. Предност му даде на разумот, а не на чувствата. Имаш многу предности во однос на другиот кандидат. Домашниот тим има предност од два гола.

2. Исклучиво, безусловно право, приоритет, првенство. Апсолутна предност. Решавачка предност. Жените со деца имаат предност. На оваа крстосница јас имам предност.

Множина: предности.

Оригинални податоци:

предност, мн. предности ж. 1. Тоа по што некој или нешто се истакнува, се издвојува од другите, надмоќ. Крадецот ја искористи предноста на темнината и избега. Предност му даде на разумот, а не на чувствата. Имаш многу предности во однос на другиот кандидат. Домашниот тим има предност од два гола. 2. Исклучиво, безусловно право, приоритет, првенство. Апсолутна предност. Решавачка предност. Жените со деца имаат предност. На оваа крстосница јас имам предност.