предвиди
Значење на предвиди:
1. Однапред види, согледа, погоди што ќе стане земајќи ги предвид сите можности преку анализа и планирање; прогнозира. Тој го предвиде ваквиот тек на настаните. Синдикатот предвиде нови социјални немири. Научниците ја предвидоа бурата пред две недели.
2. Претскаже, има видовита моќ однапред да види што ќе стане во иднина. Гатачката му предвиде долг и среќен живот.
3. Претходно точно определи, пропише нешто со нормативен акт. Законот предвидел казна во траење од три до пет години.
Коњугација: (ќе) предвидеа , (ќе) предвидев , (ќе) предвидел , предвидат , предвиден, предвидете , предвиди , предвидоа , предвидов .
Изведени зборови:
- предвидува, глаг. несв. предвидуваат
- предвидување, глаг. им. ср. предвидување, PLUR_предвидувања Се исполнија сите предвидувања.
Оригинални податоци:
предвиди, предвидат; предвиди, предвидете; предвидов, предвидоа; (ќе) предвидев, (ќе) предвидеа; (ќе) предвидел; предвиден св. 1. Однапред види, согледа, погоди што ќе стане земајќи ги предвид сите можности преку анализа и планирање; прогнозира. Тој го предвиде ваквиот тек на настаните. Синдикатот предвиде нови социјални немири. Научниците ја предвидоа бурата пред две недели. 2. Претскаже, има видовита моќ однапред да види што ќе стане во иднина. Гатачката му предвиде долг и среќен живот. 3. Претходно точно определи, пропише нешто со нормативен акт. Законот предвидел казна во траење од три до пет години. ‖ предвидува, предвидуваат несв. ‖ глаг. им. предвидување, мн. предвидувања ср. Се исполнија сите предвидувања.