преѕида
Значење на преѕида:
1. Изѕида повторно, уште еднаш нешто што е урнато, разрушено. Ја преѕидаа старата црква.
2. Изѕида поинаку, на друг начин. Ќе го преѕидаме вториот кат од куќата.
3. Загради, оддели со ѕид. Го преѕидав салонот и сега имам уште една соба.
Коњугација: преѕидаат.
Изведени зборови:
- преѕидува, глаг. несв. преѕидуваат
- преѕидување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
преѕида, преѕидаат св. 1. Изѕида повторно, уште еднаш нешто што е урнато, разрушено. Ја преѕидаа старата црква. 2. Изѕида поинаку, на друг начин. Ќе го преѕидаме вториот кат од куќата. 3. Загради, оддели со ѕид. Го преѕидав салонот и сега имам уште една соба. ‖ преѕидува, преѕидуваат несв. ‖ глаг. им. преѕидување ср.