преесапи
Архаизам, Разговорен збор, израз.
Значење на преесапи:
1. Направи есап, пресмета. Преесапи колку треба да ти платам.
2. (прен.) Дојде до некаков заклучок, сфати, заклучи нешто. Лошо преесапи кога реши да ја каже тајната. Преесапи дека до вечер ќе стигне в село.
Конјугација: преесапат.
Изведени зборови:
- преесапување, глаг. им. ср.
- се ~ преесапи, Се убеди во нешто, сфати, заклучи нешто. Се преесапи оти сам не може да ја заврши таа работа.
- (се) преесапува, глаг. несв. (се) преесапуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Преесапи еден есап ‒ направи план (обично за да стори нешто лошо). Итрите дури да го преесапат векот, будалите ќе го поминат ‒ додека итрите да го сфатат животот, будалите убаво ќе го поминат.
Оригинални податоци:
преесапи, преесапат св. (арх., разг.) 1. Направи есап, пресмета. Преесапи колку треба да ти платам. 2. (прен.) Дојде до некаков заклучок, сфати, заклучи нешто. Лошо преесапи кога реши да ја каже тајната. Преесапи дека до вечер ќе стигне в село. ● се ~ Се убеди во нешто, сфати, заклучи нешто. Се преесапи оти сам не може да ја заврши таа работа. ◊ Преесапи еден есап ‒ направи план (обично за да стори нешто лошо). Итрите дури да го преесапат векот, будалите ќе го поминат ‒ додека итрите да го сфатат животот, будалите убаво ќе го поминат. ‖ (се) преесапува, (се) преесапуваат несв. ‖ глаг. им. преесапување ср.