префати
Значење на префати:
1. Опфати некого или нешто со рацете. Го префати околу половината.
2. Задржи, земе како враќање на долг. Од парите, префати си за долгот.
3. Се зарази. Ги префати сипаниците од постарата сестра.
Конјугација: префатат.
Изведени зборови:
- префаќа, глаг. несв. префаќаат
- префаќање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
префати, префатат св. 1. Опфати некого или нешто со рацете. Го префати околу половината. 2. Задржи, земе како враќање на долг. Од парите, префати си за долгот. 3. Се зарази. Ги префати сипаниците од постарата сестра. ‖ префаќа, префаќаат несв. ‖ глаг. им. префаќање ср.