префрли
Значење на префрли:
1. Фрли преку нешто. Ја префрли топката преку оградата. Ја префрли пушката преку рамо.
2. Премести со слободно движење; нагрне, покрие. Ја префрли шамијата преку рака. Го префрли ќебето преку глава.
3. Премести на друго место, смени место. Управата ја префрлиле во предградието. Го префрлија на друго работно место.
4. Смени, премести во друго време. Часовите се префрлени претпладне.
5. Пренесе некого или нешто од едно на друго место. Го префрливме болното дете во болница.
6. Пренесе некому сопственост, права итн.; препише. Ја префрли куќата на синот.
7. Стави пари на сметка. Ни префрлија плата на сметката.
8. (прен.) Пренесе одговорност. Им ја префрли вината на родителите.
9. (прен.) Упати прекор, прекори, обвини. Му префрли на мажот за неверството.
10. (ретко) Помине одредени години во животот. Ја префрли педесеттката. 1Фрли повторно. Слаб домет, префрли!
Конјугација: префрлат.
Изведени зборови:
- префрлување, глаг. им. ср.
- се ~ префрли, 1. Премине преку нешто. Се префрливме преку реката. 2. Се премести од едно место на друго. Се префрли од воз во автобус. Се префрли во друга фирма.
- (се) префрлува, глаг. несв. (се) префрлуваат
Оригинални податоци:
префрли, префрлат св. 1. Фрли преку нешто. Ја префрли топката преку оградата. Ја префрли пушката преку рамо. 2. Премести со слободно движење; нагрне, покрие. Ја префрли шамијата преку рака. Го префрли ќебето преку глава. 3. Премести на друго место, смени место. Управата ја префрлиле во предградието. Го префрлија на друго работно место. 4. Смени, премести во друго време. Часовите се префрлени претпладне. 5. Пренесе некого или нешто од едно на друго место. Го префрливме болното дете во болница. 6. Пренесе некому сопственост, права итн.; препише. Ја префрли куќата на синот. 7. Стави пари на сметка. Ни префрлија плата на сметката. 8. (прен.) Пренесе одговорност. Им ја префрли вината на родителите. 9. (прен.) Упати прекор, прекори, обвини. Му префрли на мажот за неверството. 10. (ретко) Помине одредени години во животот. Ја префрли педесеттката. 11. Фрли повторно. Слаб домет, префрли! ● се ~ 1. Премине преку нешто. Се префрливме преку реката. 2. Се премести од едно место на друго. Се префрли од воз во автобус. Се префрли во друга фирма. ‖ (се) префрлува, (се) префрлуваат несв. ‖ глаг. им. префрлување ср.