прегази
Значење на прегази:
1. Премине со газење преку нешто. Децата ја прегазија реката во најплиткото место.
2. Помине со возило преку некого или преку нешто. Тој со својот камион прегази едно куче на патот. Возот прегазил некого.
3. (прен.) Уништи, порази некого. Со одличната игра, тие го прегазија противничкиот тим.
4. (прен.) Прекрши даден збор, ветување, постапи на спротивен начин. Тој ги прегази сите ветувања и замина. Таа го прегази дадениот збор, како ништо да не ветила.
Конјугација: прегазат.
Изведени зборови:
- прегазува, глаг. несв. прегазуваат
- прегазување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прегази, прегазат св. 1. Премине со газење преку нешто. Децата ја прегазија реката во најплиткото место. 2. Помине со возило преку некого или преку нешто. Тој со својот камион прегази едно куче на патот. Возот прегазил некого. 3. (прен.) Уништи, порази некого. Со одличната игра, тие го прегазија противничкиот тим. 4. (прен.) Прекрши даден збор, ветување, постапи на спротивен начин. Тој ги прегази сите ветувања и замина. Таа го прегази дадениот збор, како ништо да не ветила. ‖ прегазува, прегазуваат несв. ‖ глаг. им. прегазување ср.