преглед
Значење на преглед:
1. Разгледување на содржината на нешто. Преглед на денешните настани. Преглед на поднесените извештаи.
2. Целосно и внимателно прегледување на некого или нешто заради контрола, безбедност и сл. Лекарски преглед. Систематски прегледи. Цариникот направи преглед на автомобилот и на багажот.
3. Извод, кратко излагање на факти, настани, појави и сл. поврзани меѓу себе според некоја општа карактеристика. Табеларен преглед. Историски преглед. Преглед на политичката ситуација.
4. Опфаќање на просторот со поглед, видик, видливост. Оттука има најубав преглед на околината.
Множина: прегледи.
Оригинални податоци:
преглед, мн. прегледи м. 1. Разгледување на содржината на нешто. Преглед на денешните настани. Преглед на поднесените извештаи. 2. Целосно и внимателно прегледување на некого или нешто заради контрола, безбедност и сл. Лекарски преглед. Систематски прегледи. Цариникот направи преглед на автомобилот и на багажот. 3. Извод, кратко излагање на факти, настани, појави и сл. поврзани меѓу себе според некоја општа карактеристика. Табеларен преглед. Историски преглед. Преглед на политичката ситуација. 4. Опфаќање на просторот со поглед, видик, видливост. Оттука има најубав преглед на околината.