прегледа

Глагол, свршен

Значење на прегледа:

1. Разгледа содржина на нешто со различен степен на внесеност; изврши преглед, проверка. Учителката ги прегледа писмените задачи. Таа ги прегледа сите текстови. Тој го прегледа весникот додека пиеше кафе. Полицаецот им ги прегледа патните документи.

2. Разгледа определен простор, извиди определена состојба, ситуација. Откако го прегледаа добро теренот, поставија заседа. Ги прегледа сите простории во зградата.

3. Провери, испита здравје. Докторот за неколку часа ги прегледа сите пациенти. Ветеринарот ги прегледа сите овци.

Конјугација: прегледаат.

Изведени зборови:

  • прегледување, глаг. им. ср.
  • се ~ прегледа, Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед. Таа се прегледа кај врвни специјалисти. Се прегледа неколкупати, но ништо не му најдоа.
  • (се) прегледува, глаг. несв. (се) прегледуваат

Оригинални податоци:

прегледа, прегледаат св. 1. Разгледа содржина на нешто со различен степен на внесеност; изврши преглед, проверка. Учителката ги прегледа писмените задачи. Таа ги прегледа сите текстови. Тој го прегледа весникот додека пиеше кафе. Полицаецот им ги прегледа патните документи. 2. Разгледа определен простор, извиди определена состојба, ситуација. Откако го прегледаа добро теренот, поставија заседа. Ги прегледа сите простории во зградата. 3. Провери, испита здравје. Докторот за неколку часа ги прегледа сите пациенти. Ветеринарот ги прегледа сите овци. ● се ~ Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед. Таа се прегледа кај врвни специјалисти. Се прегледа неколкупати, но ништо не му најдоа. ‖ (се) прегледува, (се) прегледуваат несв. ‖ глаг. им. прегледување ср.