прегори

Глагол, свршен

Значење на прегори:

1. а) Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно. Домаќинката го прегоре ручекот. Фурнаџијата го прегоре лебот. б) Изгори, се испече поради силен оган, горење и сл. Целата инсталација ни прегоре. Светилките прегореа.

2. За сонце ‒ изгори, исуши (нивје, посеви и сл.). Сонцето го прегорело полето. Нивјето прегореа од силното сонце. Посевите прегореа од големите горештини.

3. За крава, овца и сл. ‒ престане да дава млеко. Млекото ѝ прегоре на кравата од сушата.

4. Престане да гори; догори. Огнот никако да прегори, да престане.

5. (прен.) Прежали некого. Мајката никогаш не го прегоре својот син.

Конјугација: прегорат , прегореа , прегорев , прегорел , прегорен, прегорете , прегори .

Изведени зборови:

  • прегорува, глаг. несв. прегоруваат
  • прегорување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

прегори, прегорат; прегори, прегорете; прегорев, прегореа; прегорел; прегорен св. 1. а) Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно. Домаќинката го прегоре ручекот. Фурнаџијата го прегоре лебот. б) Изгори, се испече поради силен оган, горење и сл. Целата инсталација ни прегоре. Светилките прегореа. 2. За сонце ‒ изгори, исуши (нивје, посеви и сл.). Сонцето го прегорело полето. Нивјето прегореа од силното сонце. Посевите прегореа од големите горештини. 3. За крава, овца и сл. ‒ престане да дава млеко. Млекото ѝ прегоре на кравата од сушата. 4. Престане да гори; догори. Огнот никако да прегори, да престане. 5. (прен.) Прежали некого. Мајката никогаш не го прегоре својот син. ‖ прегорува, прегоруваат несв. ‖ глаг. им. прегорување ср.