преграби
Значење на преграби:
1. Опфати некого или нешто со двете раце; прегрне, гушне. Детето го преграби дрвото со рацете. Свирачот ја преграби гајдата и засвири. Тој ја преграби жена си со рацете.
2. Присвои, зеде сè само за себе. Тој го преграби целиот имот и ништо не им остави на сестрите.
Конјугација: преграбат.
Изведени зборови:
- преграбување, глаг. им. ср.
- се ~ преграби, Се прегрне, се гушне еден со друг. Тие се преграбија и се стркалаа на тревата.
- (се) преграбува, глаг. несв. (се) преграбуваат
Оригинални податоци:
преграби, преграбат св. 1. Опфати некого или нешто со двете раце; прегрне, гушне. Детето го преграби дрвото со рацете. Свирачот ја преграби гајдата и засвири. Тој ја преграби жена си со рацете. 2. Присвои, зеде сè само за себе. Тој го преграби целиот имот и ништо не им остави на сестрите. ● се ~ Се прегрне, се гушне еден со друг. Тие се преграбија и се стркалаа на тревата. ‖ (се) преграбува, (се) преграбуваат несв. ‖ глаг. им. преграбување ср.