преграда

Именка, женски род

Значење на преграда:

1. а) Ѕид, ограда и сл. што дели некаква просторија, што одделува еден простор од друг. Камена преграда. Бетонска преграда. Направија преграда во речното корито. б) Просторија, простор зад таков ѕид и сл. Тој се скри во празната преграда на амбарот. Излезе низ вратата од олтарската преграда.

2. Нешто што преградува, препречува пат, пристап, приод кон нешто. Влезот во пештерата е покриен со преграда од густи растенија. На патот има прегради од паднати дрвја.

3. Посебен, одделен дел од нешто. Ковчегот имаше неколку прегради.

4. (прен.) Морална пречка, тешкотија. Меѓу нив се создаде непреодлива преграда. Немањето доверба створи преграда во нивната љубов.

Множина: прегради.

Оригинални податоци:

преграда, мн. прегради ж. 1. а) Ѕид, ограда и сл. што дели некаква просторија, што одделува еден простор од друг. Камена преграда. Бетонска преграда. Направија преграда во речното корито. б) Просторија, простор зад таков ѕид и сл. Тој се скри во празната преграда на амбарот. Излезе низ вратата од олтарската преграда. 2. Нешто што преградува, препречува пат, пристап, приод кон нешто. Влезот во пештерата е покриен со преграда од густи растенија. На патот има прегради од паднати дрвја. 3. Посебен, одделен дел од нешто. Ковчегот имаше неколку прегради. 4. (прен.) Морална пречка, тешкотија. Меѓу нив се создаде непреодлива преграда. Немањето доверба створи преграда во нивната љубов.