прегради
Значење на прегради:
1. Направи преграда, оддели нешто со преграда. Го прегради дворот со дрвена ограда. Ја прегради нивата со густ плет. Ја преградија чешмата со железо.
2. Изгради поинаку, на друг начин; реновира. Мајсторите брзо ја преградија куќата. Еден дел од станот младите го преградија.
3. Попречи, препречи пат некому. Војската им го прегради патот на селаните. Тие им го преградија патот на крадците.
Конјугација: преградат.
Изведени зборови:
- преградува, глаг. несв. преградуваат
- преградување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прегради, преградат св. 1. Направи преграда, оддели нешто со преграда. Го прегради дворот со дрвена ограда. Ја прегради нивата со густ плет. Ја преградија чешмата со железо. 2. Изгради поинаку, на друг начин; реновира. Мајсторите брзо ја преградија куќата. Еден дел од станот младите го преградија. 3. Попречи, препречи пат некому. Војската им го прегради патот на селаните. Тие им го преградија патот на крадците. ‖ преградува, преградуваат несв. ‖ глаг. им. преградување ср.