прехрани
Значење на прехрани:
1. Обезбеди храна за исхрана. Успеа да го прехрани семејството.
2. Премногу нахрани. Претера, ги прехрани со чоколади.
Коњугација: прехранат.
Изведени зборови:
- прехранување, глаг. им. ср.
- се ~ прехрани, Се исхрани, се одржи во живот со храна (обично за ниско ниво на хранење). Едвај успева да се прехрани.
- (се) прехранува, глаг. несв. (се) прехрануваат
Оригинални податоци:
прехрани, прехранат св. 1. Обезбеди храна за исхрана. Успеа да го прехрани семејството. 2. Премногу нахрани. Претера, ги прехрани со чоколади. ● се ~ Се исхрани, се одржи во живот со храна (обично за ниско ниво на хранење). Едвај успева да се прехрани. ‖ (се) прехранува, (се) прехрануваат несв. ‖ глаг. им. прехранување ср.