прејде
Значење на прејде:
1. Помине, премине од една на друга страна. Карванот ја прејде реката. Таа ја прејде улицата. Тие прејдоа во друг вагон.
2. (прен.) Премине на нешто друго, поинакво од претходното; смени тема на разговор, дискусија и сл. Професорот прејде на следното прашање. Да прејдеме на следната точка од дневниот ред.
3. (разг.) Измами, излаже. Го прејде, му ги зеде парите.
Коњугација: (ќе) прејдеа , (ќе) прејдев , (ќе) прејдел , прејдат , прејден, прејдете , прејди , прејдоа , прејдов , прешле , прешол .
Изведени зборови:
- преоѓање, глаг. им. ср. преоѓање / прејдување
- се ~ прејде, Кон зн. 3. Се прејде за таа работа.
- (се) преоѓа, глаг. несв. (се) преоѓаат -- (се) прејдува, (се) прејдуваат
Оригинални податоци:
прејде, прејдат; прејди, прејдете; прејдов, прејдоа; прешол, прешле; (ќе) прејдев, (ќе) прејдеа; (ќе) прејдел; прејден св. 1. Помине, премине од една на друга страна. Карванот ја прејде реката. Таа ја прејде улицата. Тие прејдоа во друг вагон. 2. (прен.) Премине на нешто друго, поинакво од претходното; смени тема на разговор, дискусија и сл. Професорот прејде на следното прашање. Да прејдеме на следната точка од дневниот ред. 3. (разг.) Измами, излаже. Го прејде, му ги зеде парите. ● се ~ Кон зн. 3. Се прејде за таа работа. ‖ (се) преоѓа, (се) преоѓаат / (се) прејдува, (се) прејдуваат несв. ‖ глаг. им. преоѓање / прејдување ср.