прекине
Значење на прекине:
1. Раздели на делови со кинење, со прекин. Тој ја прекина врвката. Ја прекина жицата на неколку места.
2. За пат, линија, струја и сл. ‒ запре тек, одвивање на нешто. Надојдената река го прекина патот до селото. Силното невреме ги прекина сите телефонски линии. Електродистрибуција ја прекина струјата неколку часа.
3. Запре некаква дејност, работа, состанок, разговор и сл. Го прекинаа состанокот по два часа. Да го прекинеме разговорот на таа тема. Прекинаа со работата поради штрајк. Ги прекина студиите. Го прекина молчењето.
4. Остро пресече, не дозволи некој да се искаже докрај. Тој остро го прекина соговорникот.
5. Раскине, прекрати соработка, врска, другарство. Двете земји ја прекинаа соработката. Ги прекина односите со сите другари. Прекина со девојката.
6. Запре започната активност, дејност. а) Во спортот. Судијата го прекина натпреварот. Тие ја прекинаа партијата по триесеттиот потег. б) За борба, за војна. По неколку месеци војување, двете земји ја прекинаа војната. Откако потпишаа мировен договор, завојуваните страни ги прекинаа нападите.
Конјугација: (ќе) прекинеа , (ќе) прекинев , (ќе) прекинел, прекинаа , прекинав , прекинал , прекинат , прекинат , прекинете , прекини .
Изведени зборови:
- прекинување, глаг. им. ср. прекинување, PLUR_прекинувања Чести прекинувања.
- се ~ прекине, 1. Се раздели самото со кинење. Јажето се прекина насреде. Од силните ветришта се прекинаа електричните линии. 2. Изгуби сила, снеможе. Снагата ми се прекина кога го видов таков.
- (се) прекинува, глаг. несв. (се) прекинуваат
Оригинални податоци:
прекине, прекинат; прекини, прекинете; прекинав, прекинаа; прекинал; прекинат; (ќе) прекинев, (ќе) прекинеа; (ќе) прекинел св. 1. Раздели на делови со кинење, со прекин. Тој ја прекина врвката. Ја прекина жицата на неколку места. 2. За пат, линија, струја и сл. ‒ запре тек, одвивање на нешто. Надојдената река го прекина патот до селото. Силното невреме ги прекина сите телефонски линии. Електродистрибуција ја прекина струјата неколку часа. 3. Запре некаква дејност, работа, состанок, разговор и сл. Го прекинаа состанокот по два часа. Да го прекинеме разговорот на таа тема. Прекинаа со работата поради штрајк. Ги прекина студиите. Го прекина молчењето. 4. Остро пресече, не дозволи некој да се искаже докрај. Тој остро го прекина соговорникот. 5. Раскине, прекрати соработка, врска, другарство. Двете земји ја прекинаа соработката. Ги прекина односите со сите другари. Прекина со девојката. 6. Запре започната активност, дејност. а) Во спортот. Судијата го прекина натпреварот. Тие ја прекинаа партијата по триесеттиот потег. б) За борба, за војна. По неколку месеци војување, двете земји ја прекинаа војната. Откако потпишаа мировен договор, завојуваните страни ги прекинаа нападите. ● се ~ 1. Се раздели самото со кинење. Јажето се прекина насреде. Од силните ветришта се прекинаа електричните линии. 2. Изгуби сила, снеможе. Снагата ми се прекина кога го видов таков. ‖ (се) прекинува, (се) прекинуваат несв. ‖ глаг. им. прекинување, мн. прекинувања ср. Чести прекинувања.