прекипи

Глагол, свршен

Значење на прекипи:

За млеко, кафе ‒ искипи, претече кипејќи. Млекото прекипи од лончето. Го заборавив кафето и тоа прекипи.

Конјугација: прекипат.

Изведени зборови:

  • прекипува, глаг. несв. прекипуваат
  • прекипување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми (ти, му...) прекипи ‒ изгуби трпение, не може повеќе да издржи.

Оригинални податоци:

прекипи, прекипат св. За млеко, кафе ‒ искипи, претече кипејќи. Млекото прекипи од лончето. Го заборавив кафето и тоа прекипи. ◊ Ми (ти, му...) прекипи ‒ изгуби трпение, не може повеќе да издржи. ‖ прекипува, прекипуваат несв. ‖ глаг. им. прекипување ср.