прекоси
Значење на прекоси:
1. Повторно окоси во истата година.
2. Пресече, исече стебло на растение со коса, срп и др. Ги прекоси грмушките околу куќата.
3. (прен.) Премине, помине од една на друга страна напреку, прекутрупа. Ја прекосија улицата и се измешаа меѓу луѓето.
Конјугација: прекосат.
Изведени зборови:
- прекосува, глаг. несв. прекосуваат
- прекосување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прекоси, прекосат св. 1. Повторно окоси во истата година. 2. Пресече, исече стебло на растение со коса, срп и др. Ги прекоси грмушките околу куќата. 3. (прен.) Премине, помине од една на друга страна напреку, прекутрупа. Ја прекосија улицата и се измешаа меѓу луѓето. ‖ прекосува, прекосуваат несв. ‖ глаг. им. прекосување ср.