прекрои

Глагол, свршен

Значење на прекрои:

1. Скрои, искрои повторно или поинаку. Го прекрои фустанот.

2. (прен.) Преправи, преуреди нешто. Неговите освојувања ја прекроија историската карта на светот.

Конјугација: прекројат.

Изведени зборови:

  • прекројува, глаг. несв. прекројуваат -- прекрова, прекроваат
  • прекројување, глаг. им. ср. прекројување / прекровање

Оригинални податоци:

прекрои, прекројат св. 1. Скрои, искрои повторно или поинаку. Го прекрои фустанот. 2. (прен.) Преправи, преуреди нешто. Неговите освојувања ја прекроија историската карта на светот. ‖ прекројува, прекројуваат / прекрова, прекроваат несв. ‖ глаг. им. прекројување / прекровање ср.