прекрши
Значење на прекрши:
1. Скрши, открши дел од нешто, раздели на два или повеќе делови со кршење. Го прекрши лебот насреде. Ја прекрши штицата. Го прекрши стапот.
2. а) Скрши, искрши (коски на раце, нозе и сл.) тепајќи некого. Со стапот му ги прекрши нозете на кучето. Неубаво го фати и му ја прекрши раката. б) Претепа, истепа многу некого. Ќе те прекршам од мавање. Го прекрши детето од ќотек.
3. Постапи спротивно од некој пропис, закон, наредба и сл. Го прекрши законот. Ја прекрши наредбата.
4. (прен.) а) За човек ‒ премине определена возраст, навлезе во поодминати години. Ја прекрши веќе педесеттата година. Го прекрши половина живот. б) За време ‒ одмине, помине, дојде при крај. Пладнето одамна прекрши. Денот прекрши. Ноќта прекрши.
5. (физ.) За зрак ‒ промени правец при минување од една средина во различна друга средина. Призмата ги прекрши зраците на сонцето.
Конјугација: прекршат.
Изведени зборови:
- прекршување, глаг. им. ср.
- се ~ прекрши, 1. Добие болки (во 'рбетот) од работа, од напор. Снагата му се прекрши од копање. 'Рбетот му се прекрши од работа. 2. (прен.) Престане да се сомнева, да се двоуми, отстрани сомнеж, колебање. Нешто како да се прекрши во него. 3. (физ.) За зрак ‒ сп. прекрши 5. Зракот се прекрши во огледалото. Зраците се прекршија во водата.
- (се) прекршува, глаг. несв. (се) прекршуваат
Оригинални податоци:
прекрши, прекршат св. 1. Скрши, открши дел од нешто, раздели на два или повеќе делови со кршење. Го прекрши лебот насреде. Ја прекрши штицата. Го прекрши стапот. 2. а) Скрши, искрши (коски на раце, нозе и сл.) тепајќи некого. Со стапот му ги прекрши нозете на кучето. Неубаво го фати и му ја прекрши раката. б) Претепа, истепа многу некого. Ќе те прекршам од мавање. Го прекрши детето од ќотек. 3. Постапи спротивно од некој пропис, закон, наредба и сл. Го прекрши законот. Ја прекрши наредбата. 4. (прен.) а) За човек ‒ премине определена возраст, навлезе во поодминати години. Ја прекрши веќе педесеттата година. Го прекрши половина живот. б) За време ‒ одмине, помине, дојде при крај. Пладнето одамна прекрши. Денот прекрши. Ноќта прекрши. 5. (физ.) За зрак ‒ промени правец при минување од една средина во различна друга средина. Призмата ги прекрши зраците на сонцето. ● се ~ 1. Добие болки (во 'рбетот) од работа, од напор. Снагата му се прекрши од копање. 'Рбетот му се прекрши од работа. 2. (прен.) Престане да се сомнева, да се двоуми, отстрани сомнеж, колебање. Нешто како да се прекрши во него. 3. (физ.) За зрак ‒ сп. прекрши 5. Зракот се прекрши во огледалото. Зраците се прекршија во водата. ‖ (се) прекршува, (се) прекршуваат несв. ‖ глаг. им. прекршување ср.