прекрсти

Глагол, свршен

Значење на прекрсти:

1. Стави на крст раце, нозе. Ги прекрсти рацете. Седна и ги прекрсти нозете.

2. Направи знак во форма на крст врз/над некого или над нешто. Ги прекрсти децата и ги благослови. Откако ја прекрсти трпезата, сите седнаа.

3. Стори да мине некој од една христијанска вера во друга; прими христијанска вера со обред; покрсти. На старост го прекрстија во христијанин. Ги прекрстија сите од селото во христијани.

4. Промени, смени име на некого или на нешто. Ја прекрсти ќерката од Невена во Елена. Ја прекрстија земјата од Бурма во Мјанмар.

Конјугација: прекрстат.

Изведени зборови:

  • прекрстување, глаг. им. ср.
  • се ~ прекрсти, 1. Направи крст со рацете, како обреден чин. Се прекрстија пред иконата. Се прекрсти и си легна. 2. Премине во христијанска религија. Се прекрстил во христијанска вера пред една година. 3. Се преименува, си смени име. Се прекрстил од Ксенофон во Рајко.
  • (се) прекрстува, глаг. несв. (се) прекрстуваат

Оригинални податоци:

прекрсти, прекрстат св. 1. Стави на крст раце, нозе. Ги прекрсти рацете. Седна и ги прекрсти нозете. 2. Направи знак во форма на крст врз/над некого или над нешто. Ги прекрсти децата и ги благослови. Откако ја прекрсти трпезата, сите седнаа. 3. Стори да мине некој од една христијанска вера во друга; прими христијанска вера со обред; покрсти. На старост го прекрстија во христијанин. Ги прекрстија сите од селото во христијани. 4. Промени, смени име на некого или на нешто. Ја прекрсти ќерката од Невена во Елена. Ја прекрстија земјата од Бурма во Мјанмар. ● се ~ 1. Направи крст со рацете, како обреден чин. Се прекрстија пред иконата. Се прекрсти и си легна. 2. Премине во христијанска религија. Се прекрстил во христијанска вера пред една година. 3. Се преименува, си смени име. Се прекрстил од Ксенофон во Рајко. ‖ (се) прекрстува, (се) прекрстуваат несв. ‖ глаг. им. прекрстување ср.