прелее
Значење на прелее:
1. Наполни нешто до излевање, преполни. Прелеа чашата.
2. Истече течност преку работ на нешто, претече. Реката прелеа по нивите.
3. Потури со течност, нанесе прелив. Ќе ја прелееш тортата со шербет.
4. Претури течност од еден сад во друг.
5. (црков.) Полие накрсно со вино и со масло. Попот ја прелеа погачата со вино. Попот треба да го прелее гробот со масло и вино.
6. Претопи готови предмети, одново излее. Го прелеа накитот во златни прачки.
Конјугација: (ќе) прелеев , (ќе) прелееја , (ќе) прелеел , прелеав , прелеаја , прелеал , прелеан , прелеат , прелеен, прелеј , прелејте .
Изведени зборови:
- прелевање, глаг. им. ср.
- (се) прелева, глаг. несв. (се) прелеваат 1. сп. прелее. 2. Се слева едно во друго (боја, звук итн.). Боите се прелеваа. Звуците се прелеваа во убава мелодија. ● се ~ 1. сп. се прелее. 2. Се слева едно во друго (боја, звук итн.).
- се ~ прелее, Се излее преку нешто (раб, брег и сл.). Виното се прелеа од бурето.
Фразеолошки израз / поговорка:
Чашата на трпението прелеа – изгуби трпение.
Оригинални податоци:
прелее, прелеат; прелеј, прелејте; прелеав, прелеаја; прелеал; прелеан; (ќе) прелеев, (ќе) прелееја; (ќе) прелеел; прелеен св. 1. Наполни нешто до излевање, преполни. Прелеа чашата. 2. Истече течност преку работ на нешто, претече. Реката прелеа по нивите. 3. Потури со течност, нанесе прелив. Ќе ја прелееш тортата со шербет. 4. Претури течност од еден сад во друг. 5. (црков.) Полие накрсно со вино и со масло. Попот ја прелеа погачата со вино. Попот треба да го прелее гробот со масло и вино. 6. Претопи готови предмети, одново излее. Го прелеа накитот во златни прачки. ● се ~ Се излее преку нешто (раб, брег и сл.). Виното се прелеа од бурето. ◊ Чашата на трпението прелеа – изгуби трпение. ‖ (се) прелева, (се) прелеваат несв. 1. сп. прелее. 2. Се слева едно во друго (боја, звук итн.). Боите се прелеваа. Звуците се прелеваа во убава мелодија. ● се ~ 1. сп. се прелее. 2. Се слева едно во друго (боја, звук итн.). ‖ глаг. им. прелевање ср.