прелета

Глагол, свршен

Значење на прелета:

1. Со летање помине преку нешто. Прелетаа јато диви гуски над него.

2. (прен.) Помине (мисла, поглед, време и сл.) многу брзо. Мислата ми прелета низ глава. Детството му прелета за миг.

Конјугација: прелетаат.

Изведени зборови:

  • прелетува, глаг. несв. прелетуваат
  • прелетување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не дава пиле да прелета – не пушта никого.

Оригинални податоци:

прелета, прелетаат св. 1. Со летање помине преку нешто. Прелетаа јато диви гуски над него. 2. (прен.) Помине (мисла, поглед, време и сл.) многу брзо. Мислата ми прелета низ глава. Детството му прелета за миг. ◊ Не дава пиле да прелета – не пушта никого. ‖ прелетува, прелетуваат несв. ‖ глаг. им. прелетување ср.