прележи
Значење на прележи:
1. Преспие, преноќева. Прележаа ноќта во анот и заминаа. Ќе ја однесеа иконата кај некој болен да прележи некоја ноќ за здравје да му даде.
2. Помине лежејќи болен, до оздравување. По дваесет дена ќе прележите тука во болницата.
3. За нива, земја – остане необработена, непосеана за природно да и се обнови плодноста. Поради малку ѓубриво, едни ниви се оставаат да прележат некое време.
4. За ракија, вино – се остави да отстои заради подобрување на квалитетот. Ја остави ракијата да прележи.
Коњугација: (ќе) прележеа , (ќе) прележев , (ќе) прележел , прележаа , прележав , прележал , прележан , прележат , прележен, прележете , прележи .
Изведени зборови:
- прележува, глаг. несв. прележуваат
- прележување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прележи, прележат; прележи, прележете; прележав, прележаа; прележал, прележан; (ќе) прележев, (ќе) прележеа; (ќе) прележел; прележен св. 1. Преспие, преноќева. Прележаа ноќта во анот и заминаа. Ќе ја однесеа иконата кај некој болен да прележи некоја ноќ за здравје да му даде. 2. Помине лежејќи болен, до оздравување. По дваесет дена ќе прележите тука во болницата. 3. За нива, земја – остане необработена, непосеана за природно да и се обнови плодноста. Поради малку ѓубриво, едни ниви се оставаат да прележат некое време. 4. За ракија, вино – се остави да отстои заради подобрување на квалитетот. Ја остави ракијата да прележи. ‖ прележува, прележуваат несв. ‖ глаг. им. прележување ср.