премести
Значење на премести:
1. Пренесе нешто од едно место на друго, промени место. Го преместил каменот од меѓата.
2. Промени место некому. Го преместија од прва клупа на трета.
3. Одреди некому друго работно место. Ја преместија од книговодство во правната служба.
Коњугација: преместат.
Изведени зборови:
- преместување, глаг. им. ср.
- се ~ премести, Смени место, премине на друго место. Се премести во друга куќа да живее. Се преместила од гимназија во економско училиште.
- (се) преместува, глаг. несв. (се) преместуваат
Оригинални податоци:
премести, преместат св. 1. Пренесе нешто од едно место на друго, промени место. Го преместил каменот од меѓата. 2. Промени место некому. Го преместија од прва клупа на трета. 3. Одреди некому друго работно место. Ја преместија од книговодство во правната служба. ● се ~ Смени место, премине на друго место. Се премести во друга куќа да живее. Се преместила од гимназија во економско училиште. ‖ (се) преместува, (се) преместуваат несв. ‖ глаг. им. преместување ср.