премие

Глагол, свршен

Значење на премие:

Повторно измие (нешто, некому). Треба да ги премиеш садовите. Му го преми лицето на детето.

Коњугација: (ќе) премиев , (ќе) премиеја , (ќе) премиел , премив , премиен, премиј , премија , премијат , премијте , премил .

Изведени зборови:

  • премивање, глаг. им. ср.
  • (се) премива, глаг. несв. (се) премиваат
  • се ~ премие, Се измие повторно. Се преми со студена вода.

Оригинални податоци:

премие, премијат; премиј, премијте; премив, премија; премил; (ќе) премиев, (ќе) премиеја; (ќе) премиел; премиен св. Повторно измие (нешто, некому). Треба да ги премиеш садовите. Му го преми лицето на детето. ● се ~ Се измие повторно. Се преми со студена вода. ‖ (се) премива, (се) премиваат несв. ‖ глаг. им. премивање ср.