премин
Значење на премин:
1. Место каде што се преминува. Пешачки премин. Граничен премин.
2. Преминување. Направи премин во друг фудбалски клуб. Изврши таен премин преку граница.
3. Момент на преминување. На преминот меѓу два века.
4. Преминување од една состојба во друга; преод. Преминот од детството во младоста. Премин од гасна во течна агрегатна состојба.
Множина: премини.
Оригинални податоци:
премин, мн. премини м. 1. Место каде што се преминува. Пешачки премин. Граничен премин. 2. Преминување. Направи премин во друг фудбалски клуб. Изврши таен премин преку граница. 3. Момент на преминување. На преминот меѓу два века. 4. Преминување од една состојба во друга; преод. Преминот од детството во младоста. Премин од гасна во течна агрегатна состојба.