премине
Значење на премине:
1. Мине, помине од едната на другата страна на нешто. Ја премина улицата. Го преминаа мостот. Преминаа преку граница.
2. Помине од една во друга состојба, околност, место. Премина од еден автобус во друг. Премина од восхит во разочарување.
3. (прен.) Отиде на нечија страна, стане нечиј приврзаник. Премина на страната на посилните.
4. (прен.) Помине нешто во сопственост од еден на друг. Имотот премина во рацете на синовите.
5. (прен.) Пристапи кон нешто друго. Да преминеме на третата точка. Премина на решавање на проблемите.
6. Се претвори во нешто друго. Квантитетот премина во квалитет.
7. Пренесе, преведе преку нешто. Го премина детето преку улица.
Коњугација: (ќе) преминеа , (ќе) преминев , (ќе) преминел, преминаа , преминав , преминал , преминат , преминат , преминете , премини .
Изведени зборови:
- преминува, глаг. несв. преминуваат
- преминување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Премине преку нешто – молкома прифати, толерира нешто. Премине секоја граница / мерка – претера.
Оригинални податоци:
премине, преминат; премини, преминете; преминав, преминаа; преминал; преминат; (ќе) преминев, (ќе) преминеа; (ќе) преминел св. 1. Мине, помине од едната на другата страна на нешто. Ја премина улицата. Го преминаа мостот. Преминаа преку граница. 2. Помине од една во друга состојба, околност, место. Премина од еден автобус во друг. Премина од восхит во разочарување. 3. (прен.) Отиде на нечија страна, стане нечиј приврзаник. Премина на страната на посилните. 4. (прен.) Помине нешто во сопственост од еден на друг. Имотот премина во рацете на синовите. 5. (прен.) Пристапи кон нешто друго. Да преминеме на третата точка. Премина на решавање на проблемите. 6. Се претвори во нешто друго. Квантитетот премина во квалитет. 7. Пренесе, преведе преку нешто. Го премина детето преку улица. ◊ Премине преку нешто – молкома прифати, толерира нешто. Премине секоја граница / мерка – претера. ‖ преминува, преминуваат несв. ‖ глаг. им. преминување ср.