премисли
Значење на премисли:
1. Размисли добро за нешто. Премисли дали да се врати дома.
2. Предизвика некој да смени мислење. Последните настани го премислија.
Коњугација: премислат.
Изведени зборови:
- премислување, глаг. им. ср.
- се ~ премисли, Смени мислење. Девојчето се премисли и отрча дома.
- (се) премислува, глаг. несв. (се) премислуваат (Се) колеба, во дилема е. Се премислува за работата.
Оригинални податоци:
премисли, премислат св. 1. Размисли добро за нешто. Премисли дали да се врати дома. 2. Предизвика некој да смени мислење. Последните настани го премислија. ● се ~ Смени мислење. Девојчето се премисли и отрча дома. ‖ (се) премислува, (се) премислуваат несв. (Се) колеба, во дилема е. Се премислува за работата. ‖ глаг. им. премислување ср.