пренесе

Глагол, свршен

Значење на пренесе:

1. Премести некого или нешто од едно место на друго или преку нешто (река, граница итн.). Со чун нѐ пренесе на другиот брег. Товарот го пренесоа со воз.

2. Премести седиште, место на дејност. Ги пренесоа одборите од градовите по селата.

3. (прен.) Премести некого во мислите на друго место и во друго време. Приказната ги пренесе децата во светот на самовилите.

4. Распространи, рашири круг на дејствување. Просветителите ја пренесоа писменоста меѓу народите.

5. а) Предаде право на сопственост. Го пренесе целиот имот на децата. б) Отстапи, довери должност на друг. Министерот им ги пренесе ингеренциите на замениците.

6. Прекаже, соопшти нешто некому директно или преку средство за општење (телефон, радио и сл.). Пренеси му ја пораката што ти ја кажав.

7. За болест – направи да премине на друг, зарази.

8. Изрази нешто (на хартија, платно и сл.). Емоциите ги пренесе во стихови.

9. Изврши пренос на дел од збор во друг ред, на дел од текст на друга старница.

Коњугација: (ќе) пренесеа , (ќе) пренесев , (ќе) пренесел , пренесат , пренесен, пренесете , пренеси , пренесле и пренел , пренесоа , пренесов , пренесол .

Изведени зборови:

  • пренесување, глаг. им. ср.
  • се ~ пренесе, 1. Се премести, премине. Тој си се пренесе со жената и децата во друд стан. 2. (прен.) Се присети на нешто. Се пренесе во детството. 3. За болест, глас и сл. – се рашири, се разнесе итн.
  • (се) пренесува, глаг. несв. (се) пренесуваат

Оригинални податоци:

пренесе, пренесат; пренеси, пренесете; пренесов, пренесоа; пренесол, пренесле и пренел; (ќе) пренесев, (ќе) пренесеа; (ќе) пренесел; пренесен св. 1. Премести некого или нешто од едно место на друго или преку нешто (река, граница итн.). Со чун нѐ пренесе на другиот брег. Товарот го пренесоа со воз. 2. Премести седиште, место на дејност. Ги пренесоа одборите од градовите по селата. 3. (прен.) Премести некого во мислите на друго место и во друго време. Приказната ги пренесе децата во светот на самовилите. 4. Распространи, рашири круг на дејствување. Просветителите ја пренесоа писменоста меѓу народите. 5. а) Предаде право на сопственост. Го пренесе целиот имот на децата. б) Отстапи, довери должност на друг. Министерот им ги пренесе ингеренциите на замениците. 6. Прекаже, соопшти нешто некому директно или преку средство за општење (телефон, радио и сл.). Пренеси му ја пораката што ти ја кажав. 7. За болест – направи да премине на друг, зарази. 8. Изрази нешто (на хартија, платно и сл.). Емоциите ги пренесе во стихови. 9. Изврши пренос на дел од збор во друг ред, на дел од текст на друга старница. ● се ~ 1. Се премести, премине. Тој си се пренесе со жената и децата во друд стан. 2. (прен.) Се присети на нешто. Се пренесе во детството. 3. За болест, глас и сл. – се рашири, се разнесе итн. ‖ (се) пренесува, (се) пренесуваат несв. ‖ глаг. им. пренесување ср.