преоблече

Глагол, свршен

Значење на преоблече:

1. Соблече една, облече друга облека; смени облека. Ги преоблече мокрите алишта.

2. Преправи некого за да не се препознае, маскира. Го преоблече како доктор.

Коњугација: (ќе) преоблечеа , (ќе) преоблечев , (ќе) преоблечел , преоблекле , преоблекоа , преоблеков , преоблекол , преоблечат , преоблечен, преоблечете , преоблечи .

Изведени зборови:

  • преоблечување, глаг. им. ср. преоблечување / преоблекување
  • се ~ преоблече, Кон зн. 1. и 2. Се преоблеков и отидов на работа. Се преоблече во алиштата на другарката.
  • (се) преоблечува, глаг. несв. (се) преоблечуваат -- (се) преоблекува, (се) преоблекуваат

Оригинални податоци:

преоблече, преоблечат; преоблечи, преоблечете; преоблеков, преоблекоа; преоблекол, преоблекле; (ќе) преоблечев, (ќе) преоблечеа; (ќе) преоблечел; преоблечен св. 1. Соблече една, облече друга облека; смени облека. Ги преоблече мокрите алишта. 2. Преправи некого за да не се препознае, маскира. Го преоблече како доктор. ● се ~ Кон зн. 1. и 2. Се преоблеков и отидов на работа. Се преоблече во алиштата на другарката. ‖ (се) преоблечува, (се) преоблечуваат / (се) преоблекува, (се) преоблекуваат несв. ‖ глаг. им. преоблечување / преоблекување ср.