преобрази
Значење на преобрази:
Даде друг лик, измени некому лик или состојба. Службата во армијата го преобрази во чесен човек.Коњугација: преобразат.
Изведени зборови:
- преобразување, глаг. им. ср.
- се ~ преобрази, Добие друг лик, изглед, надворешно се измени. Господ се преобразил како сиромав на земјата.
- (се) преобразува, глаг. несв. (се) преобразуваат
Оригинални податоци:
преобрази, преобразат св. Даде друг лик, измени некому лик или состојба. Службата во армијата го преобрази во чесен човек. ● се ~ Добие друг лик, изглед, надворешно се измени. Господ се преобразил како сиромав на земјата. ‖ (се) преобразува, (се) преобразуваат несв. ‖ глаг. им. преобразување ср.