преоден

Придавка

Значење на преоден:

1. Што служи за преминување од една состојба во друга. Преодни одредби. Преоден период.

2. Што брзо поминува, минлив. Настинките се преодна појава. Покажа преодно интересирање.

3. (грам.) За глагол – што се карактеризира со дејство што преминува директно на предметот; транзитивен.

Членувана форма: преодниот.

Изведени зборови:

  • преодност, и. ж. Кон значењето 2. и 3.

Оригинални податоци:

преоден, преодниот прид. 1. Што служи за преминување од една состојба во друга. Преодни одредби. Преоден период. 2. Што брзо поминува, минлив. Настинките се преодна појава. Покажа преодно интересирање. 3. (грам.) За глагол – што се карактеризира со дејство што преминува директно на предметот; транзитивен. ‖ преодност ж. Кон значењето 2. и 3.