препее
Значење на препее:
1. Преведе во стихови некое поетско дело. Ја препеа поемата од латински.
2. Одново испее.
3. (арх.) Прочита. Фатил кадијата да го пее ферманот и беше го препеал.
Коњугација: (ќе) препеев , (ќе) препееја , (ќе) препеел, препеав , препеаја , препеал , препеан , препеат , препеј , препејте .
Изведени зборови:
- препева, глаг. несв. препеваат
- препевање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
препее, препеат; препеј, препејте; препеав, препеаја; препеал; препеан; (ќе) препеев, (ќе) препееја; (ќе) препеел св. 1. Преведе во стихови некое поетско дело. Ја препеа поемата од латински. 2. Одново испее. 3. (арх.) Прочита. Фатил кадијата да го пее ферманот и беше го препеал. ‖ препева, препеваат несв. ‖ глаг. им. препевање ср.