препише
Значење на препише:
1. а) Повторно напише некој текст. Учениците ги препишаа задачите од таблата. б) Напише текст, реши задача, тест (на испит) гледајќи кај друг.
2. Одреди, пропише лек или начин на лечење на болниот. Му препишаа инјекции за ангината.
3. Со писмена изјава остави некому имот. Во тестаментот сѐ му препиша на синот. Му ја препиша сета стока на момчето.
Коњугација: (ќе) препишеа , (ќе) препишев , (ќе) препишел, препишаа , препишав , препишал , препишан , препишат , препишете , препиши .
Изведени зборови:
- препишува, глаг. несв. препишуваат
- препишување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
препише, препишат; препиши, препишете; препишав, препишаа; препишал; препишан; (ќе) препишев, (ќе) препишеа; (ќе) препишел св. 1. а) Повторно напише некој текст. Учениците ги препишаа задачите од таблата. б) Напише текст, реши задача, тест (на испит) гледајќи кај друг. 2. Одреди, пропише лек или начин на лечење на болниот. Му препишаа инјекции за ангината. 3. Со писмена изјава остави некому имот. Во тестаментот сѐ му препиша на синот. Му ја препиша сета стока на момчето. ‖ препишува, препишуваат несв. ‖ глаг. им. препишување ср.