преплете
Значење на преплете:
1. Едно со друго исплете, измеша. Ги преплете прачките.
2. Повторно сплете. Го преплете распараното.
Коњугација: (ќе) преплетеа , (ќе) преплетев , (ќе) преплетел , преплел , преплетат , преплетен, преплетете , преплети , преплетоа , преплетов .
Изведени зборови:
- преплетување, глаг. им. ср.
- се ~ преплете, 1. Се сплете, се вкрсти меѓусебно. Гранките на кајсијата се преплетоа. 2. (прен.) Меѓусебно се поврзе, се измеша. Судбините им се преплетоа.
- (се) преплетува, глаг. несв. (се) преплетуваат
Оригинални податоци:
преплете, преплетат; преплети, преплетете; преплетов, преплетоа; преплел; (ќе) преплетев, (ќе) преплетеа; (ќе) преплетел; преплетен св. 1. Едно со друго исплете, измеша. Ги преплете прачките. 2. Повторно сплете. Го преплете распараното. ● се ~ 1. Се сплете, се вкрсти меѓусебно. Гранките на кајсијата се преплетоа. 2. (прен.) Меѓусебно се поврзе, се измеша. Судбините им се преплетоа. ‖ (се) преплетува, (се) преплетуваат несв. ‖ глаг. им. преплетување ср.