препне

Глагол, свршен

Значење на препне:

1. Подметне некому нога при одење; сопне. Го препна другар му и се стркала.

2. За коњ, магаре, маска и сл. – ограничи движење со врзување на предните нозе со јаже. Го препна коњот во ливадата да пасе.

Коњугација: (ќе) препнеа , (ќе) препнев , (ќе) препнел, препнаа , препнав , препнал , препнат , препнат , препнете , препни .

Изведени зборови:

  • препнување, глаг. им. ср.
  • се ~ препне, Се сопне на некоја пречка при одењето. Се препнала и паднала сосе стомни.
  • (се) препнува, глаг. повт. (се) препнуваат

Оригинални податоци:

препне, препнат; препни, препнете; препнав, препнаа; препнал; препнат; (ќе) препнев, (ќе) препнеа; (ќе) препнел св. 1. Подметне некому нога при одење; сопне. Го препна другар му и се стркала. 2. За коњ, магаре, маска и сл. – ограничи движење со врзување на предните нозе со јаже. Го препна коњот во ливадата да пасе. ● се ~ Се сопне на некоја пречка при одењето. Се препнала и паднала сосе стомни. ‖ (се) препнува, (се) препнуваат повт. ‖ глаг. им. препнување ср.