преполови

Глагол, свршен

Значење на преполови:

1. Целото го подели на два дела, на две половини. Ги преполови парчињата.

2. Смали на половина. Дури дојдоа, домаќинката го преполови ручекот.

Коњугација: преполоват.

Изведени зборови:

  • преполовување, глаг. им. ср.
  • се ~ преполови, Се раздели на два дела. Лубеницата се стркала и се преполови.
  • (се) преполовува, глаг. несв. (се) преполовуваат

Оригинални податоци:

преполови, преполоват св. 1. Целото го подели на два дела, на две половини. Ги преполови парчињата. 2. Смали на половина. Дури дојдоа, домаќинката го преполови ручекот. ● се ~ Се раздели на два дела. Лубеницата се стркала и се преполови. ‖ (се) преполовува, (се) преполовуваат несв. ‖ глаг. им. преполовување ср.