пререди
Значење на пререди:
1. Одново нареди, подреди, намести. Ги пререди книгите во библиотеката.
2. а) Натпревари некого што имал предност. Тој е постар студент, ама јас го прередив со испитите. б) Преземе ред некому. Ти беше на ред, ама тој те пререди. Најмалата сестра ги пререди постарите, се омажи прва.
Коњугација: прередат.
Изведени зборови:
- прередување, глаг. им. ср.
- се ~ пререди, Повторно, поинаку се построи. Да се прередиме во стројот.
- (се) прередува, глаг. несв. (се) прередуваат
Оригинални податоци:
пререди, прередат св. 1. Одново нареди, подреди, намести. Ги пререди книгите во библиотеката. 2. а) Натпревари некого што имал предност. Тој е постар студент, ама јас го прередив со испитите. б) Преземе ред некому. Ти беше на ред, ама тој те пререди. Најмалата сестра ги пререди постарите, се омажи прва. ● се ~ Повторно, поинаку се построи. Да се прередиме во стројот. ‖ (се) прередува, (се) прередуваат несв. ‖ глаг. им. прередување ср.