прероди

Глагол, свршен

Значење на прероди:

1. Направи повторно активен, врати во нов живот. Надежта ги прероди сите.

2. (ретко) Роди изобилно род. Овошките оваа година преродија.

Коњугација: преродат.

Изведени зборови:

  • преродување, глаг. им. ср. преродување / прераѓање
  • се ~ прероди, 1. Се преобрази, стане поинаков. Му се стори ќерка му како да се прероди. 2. Во верувањата – повторно се роди. На четириесет дни ќе се преродело и ќе пораснело.
  • (се) преродува, глаг. несв. (се) преродуваат -- (се) прераѓа, (се) прераѓаат

Оригинални податоци:

прероди, преродат св. 1. Направи повторно активен, врати во нов живот. Надежта ги прероди сите. 2. (ретко) Роди изобилно род. Овошките оваа година преродија. ● се ~ 1. Се преобрази, стане поинаков. Му се стори ќерка му како да се прероди. 2. Во верувањата – повторно се роди. На четириесет дни ќе се преродело и ќе пораснело. ‖ (се) преродува, (се) преродуваат / (се) прераѓа, (се) прераѓаат несв. ‖ глаг. им. преродување / прераѓање ср.