пресече
Значење на пресече:
1. Со сечење преполови, направи на делови. Пресече лубеница. Пресече леб. Пресече дрво.
2. Помине низ нешто делејќи го. Мостот ја пресече клисурата. Патот го пресече селото.
3. Оневозможи, спречи понатамошно движење; препречи. Демонстрантите ни го пресекоа патот.
4. Помине по најкусиот пат. Пресече низ дворот.
5. Помине пред некого. Внимавај, црна мачка да не ти го пресече патот! 6. Помине на другата страна. Овде ја пресеков улицата.
6. Запре, прекине, спречи некакво дејство. Песната ја пресече реклама.
7. За звук – продре остро. Сирените го пресекоа воздухот.
8. Прекине некое зборување, грубо замолчи некого. Не зборувај глупости, го пресече старецот.
9. Прекори со поглед. Го пресече со поглед. 1Пресуди, разреши спор, одлучи. Претседателот пресече: ќе има избори. 12. За вино – запре ферментација. Ја пресече ширата. Го пресече виното.
Коњугација: (ќе) пресечеа , (ќе) пресечев , (ќе) пресечел , пресекле , пресекоа , пресеков , пресекол , пресечат , пресечен, пресечете , пресечи .
Изведени зборови:
- пресекување, глаг. им. ср. пресекување / пресечување
- (се) пресекува, глаг. несв. (се) пресекуваат -- (се) пресечува, (се) пресечуваат
- се ~ пресече, 1. Се повреди со сечење. Се пресече на прстот. 2. За линии, патишта и сл. – минува еден преку друг. Каде ќе се пресечат отсечките? 3. Изгуби сила, премали од страв, возбуда и сл. Му се пресекоа нозете. Ми се пресекоа мислите.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ме (те, го... ...) пресече нешто во крстот – го жегна болка. Ми (ти, му ...) пресече умот – одлучи, реши.
Оригинални податоци:
пресече, пресечат; пресечи, пресечете; пресеков, пресекоа; пресекол, пресекле; (ќе) пресечев, (ќе) пресечеа; (ќе) пресечел; пресечен св. 1. Со сечење преполови, направи на делови. Пресече лубеница. Пресече леб. Пресече дрво. 2. Помине низ нешто делејќи го. Мостот ја пресече клисурата. Патот го пресече селото. 3. Оневозможи, спречи понатамошно движење; сп. препречи. Демонстрантите ни го пресекоа патот. 4. Помине по најкусиот пат. Пресече низ дворот. 5. Помине пред некого. Внимавај, црна мачка да не ти го пресече патот! 6. Помине на другата страна. Овде ја пресеков улицата. 7. Запре, прекине, спречи некакво дејство. Песната ја пресече реклама. 8. За звук – продре остро. Сирените го пресекоа воздухот. 9. Прекине некое зборување, грубо замолчи некого. Не зборувај глупости, го пресече старецот. 10. Прекори со поглед. Го пресече со поглед. 11. Пресуди, разреши спор, одлучи. Претседателот пресече: ќе има избори. 12. За вино – запре ферментација. Ја пресече ширата. Го пресече виното. ● се ~ 1. Се повреди со сечење. Се пресече на прстот. 2. За линии, патишта и сл. – минува еден преку друг. Каде ќе се пресечат отсечките? 3. Изгуби сила, премали од страв, возбуда и сл. Му се пресекоа нозете. Ми се пресекоа мислите. ◊ Ме (те, го... ...) пресече нешто во крстот – го жегна болка. Ми (ти, му ...) пресече умот – одлучи, реши. ‖ (се) пресекува, (се) пресекуваат / (се) пресечува, (се) пресечуваат несв. ‖ глаг. им. пресекување / пресечување ср.